Фудбал
Португалските навивачи не го сакаат Роналдо во репрезентацијата
Испитување на јавното мислење што го спроведе весникот А Бола покажува дека над 70 отсто од навивачите се противат Кристијано Роналдо да се врати во португалската фудбалска репрезентација.
Анкетата на португалскиот весник беше спроведена по скандалот што Роналдо го предизвика пред неодамнешниот натпревар против Норвешка во Лигата на нации кога ја напушти репрезентацијата незадоволен од одлуката на селекторот Жезус да го остави на клупата за резерви.
Според анкетата, 14 проценти од испитаниците веруваат дека работите ќе се вратат во нормала за неколку денови. Седум проценти од читателите сметаат дека Роналдо треба да биде играч-тренер, додека шест проценти се согласуваат со Роналдо и сметаат дека селекторот Жезус го прекршил својот збор и оти во националниот тим има место само за еден од нив.
Останатите три проценти сметаат дека одлуката треба да им се остави на Тијаго Кравеиро и Симеоне Кутињо, кои се блиски до Роналдо и кои учествувале во разговорите со селекторот.



