Фудбал
Аканџи: Се надевам дека нема да ги изгубам титулите освоени со Сити
Поранешниот дефанзивец на Манчестер сити, Мануел Аканџи, коментираше за одлуката на независната комисија што го истражува прекршувањето на финансиските правила на Премиер лигата од страна на англискиот клуб.
– Сè уште сум во контакт со неколку играчи, но не знам ништо повеќе од вас. Ни беше кажано да останеме смирени, дека сè имаат под контрола, дека ништо сериозно не се случило. Им верувам на луѓето што се на чело на Манчестер сити дека ова е вистина. Се надевам дека нема да ги изгубам титулите. Тоа би било штета. Но, сè гледам само во вестите, изјави Аканџи з абританските медиуми.
На 29 септември, Премиер лигата објави дека независната комисија го прогласи Манчестер сити за виновен по сите точки од обвинението за сериозни прекршувања на финансиските правила на лигата, како и по повеќето точки од обвинението за несоодветна соработка со истрагата. Вкупно, комисијата пронајде 114 од 115 обвиненија поднесени против клубот. Прекршувањата се однесуваа на периодот од сезоните 2009/10 до 2017/18.
Манчестер сити не се согласи со одлуката и ја објави својата намера да поднесе жалба. Санкциите против клубот сè уште не се утврдени.
октомври 9, 2026


