Култура
Јаков Ангелов и Арда Мустафаоглу со заеднички настап пред истанбулската публика
Концертна вечер што ќе ги обедини македонската музичка традиција и европскиот класичен репертоар ќе се одржи вешер во Истанбул, во организација на Македонскиот културен центар во Истанбул и во соработка со Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија. Пред истанбулската публика во Ерменската католичка црква „Сурп Левон“ ќе настапат виолинистот Јаков Ангелов и пијанистот Арда Мустафаоглу.
Концертната програма ќе почне со соло рецитал на Мустафаоглу, кој ќе изведе дела од Фредерик Шопен, Лудвиг ван Бетовен и Фазил Сај. Во продолжение на вечерта Ангелов и Мустафаоглу ќе настапат заедно со композиции од Томазо Антонио Витали, Фриц Крајслер, Хенрик Виенјавски и Камиј Сен-Санс.
Посебно место во програмата ќе има македонската народна песна „Кажи, Анѓо“, во аранжман на Сони Петровски и преработка на Арда Мустафаоглу, со што пред турската публика ќе биде претставен дел од македонското музичко наследство.
Од Македонскиот културен центар во Истанбул посочуваат дека со настанот продолжува промоцијата на македонските уметници и култура во Турција, како и поттикнувањето на културната соработка меѓу двете земји
октомври 8, 2026


