Фудбал
Пад од две места на македонската репрезентација на ФИФА листата
Македонската фудбалска репрезентација се најде на 71.место на ранг-листата на ФИФА објавена денес. Ова е пад од две места за „црвено-жолтите“ во однос на претходното рангирање.
Влошениот пласман се должи на четирите порази кои ги доживеаја македонските фудбалери во Б Лигата на Нации изминатите десетина дена.
Од нашата група Швајцарија е на 12. Место, Шкотска е 43-та, додека Словенија е на 52. место.
Во ТОП 10 светски фудбалски сили се наоѓаат: Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Португалија, Бразил, Мароко, Белгија, Холандија и Мексико.
Следното рангирање Светската фудбалска асоцијација ќе ги изврши на 18 ноември.
октомври 7, 2026
