Фудбал
Артета потпиша нов договор со Арсенал до 2030 година
Арсенал објави дека потпиша нов договор со главниот тренер Микел Артета.
Договорот на 44-годишниот фудбалски стручњак е со важност до јуни 2030 година.
– Ова е важен момент во историјата на Арсенал. Сакаме да изградиме победничка ера со Микел. Ќе продолжиме напорно да работиме за да ги оствариме нашите долгорочни амбиции за клубот и навивачите. Артета има верба, решителност и разбирање за тоа што е потребно за да се изгради нешто извонредно и трајно тука, и ние сме воодушевени што го продолжуваме ова патување заедно, изјави извршниот директор на клубот Ричард Гарлик.
Артета играше за Арсенал од 2011 до 2016 година. Тој стана главен тренер на тимот од 2019 година.
Под водство на Артета, Лондончани станаа шампиони на Англија во сезоната 2025/26, а исто така три пати го освоија ФА Купот (2019/20) и Суперкупот (2020, 2023, 2026).
октомври 7, 2026
