Connect with us

Хроника

Лишени од слобода тројца малолетници од Скопје поради предизвикување пожар

Тројца малолетници од Скопје биле лишени од слобода поради сомнение дека предизвикале пожар во парк-шумата Гази Баба.

Како што соопшти МВР, на 4 октомври полициски службеници од СВР Скопје постапиле по претходна пријава дека во парк-шумата бил предизвикан пожар, при што била опожарена сува трева.

Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, согласно член 288 од Кривичниот законик.