Хроника
Претрес во дом на 18-годишен скопјанец, пронајден кокаин, поднесена е кривична пријава
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против 18-годишен скопјанец поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Како што информира МВР, на 4 октомври врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во дом, други простории и придружни објекти во село Сингелиќ, каде што престојувал Д.В. (18).
При претресот биле пронајдени и одземени две пакувања со бела грутчеста материја. По извршеното вештачење во Одделот за форензички испитувања при МВР било утврдено дека станува збор за кокаин со нето-маса од 198,46 грама.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги, преку Единицата за недозволена трговија со дрога, до ОЈО Скопје поднел кривична пријава против 18-годишникот.
октомври 6, 2026
