Connect with us

Хроника

Тројца приведени во Гевгелија, при претрес пронајдени марихуана, таблети и бела прашкаста материја

Три лица од Гевгелија се лишени од слобода во одделни полициски постапки поврзани со пронајдени наркотични средства.

Како што соопшто МВР, вчера полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода И.Т. (26) од Гевгелија. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и бела грутчеста материја, 30 таблети, како и други предмети со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја.

При преземањето на службените дејствија, во близина на домот на И.Т. биле затекнати и С.Џ.К. (19) и Х.А. (25), двајцата од Гевгелија. При извршен преглед, кај С.Џ.К. било пронајдено пакување со марихуана, по што и двајцата биле лишени од слобода.

За настаните бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.