Connect with us

Хроника

Работник повреден при извршување работни задачи во фабрика во Куманово

Педесет и осумгодишен работник од Куманово бил повреден при извршување работни задачи во фабрика на улицата „11 Ноември“ во Куманово, соопштија денеска  од СВР Куманово. На 1 октомври во СВР Куманово од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Ј.Ц.(58) од Куманово.


Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фабриката.

За случајот бил известен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Куманово.