Ракомет
Веспрем ја освои титулата на Светското ракометно клупско првенство
Повеќекратниот унгарски првак Веспрем ја освои титулата на Светското клупско првенство во ракомет откако синоќа во финалето во Каиро ја победи Барселона со 42:33. Унгарската екипа одигра одлично прво полувреме и на полувреме водеше со 22:16. Европскиот првак Барселона не успеа да ја анулира негативата.
На последните три финални натпревари на Супер Глоуб овие две екипи играат во финалето, а лани триумфираше Барселона, додека претходно пехарот го освои Веспрем.
Во стручниот штаб на Веспрем работи и Македонецот Димитар Маневски, како физиотерапевт.
Во натпреварот за третото место Ал-Ахли го совлада Ел Замалек со 30:25.
октомври 3, 2026
