Ракомет
РК Еурофарм Пелистер има нов играч
Нов член на Еурофарм Пелистер е ракометар кој доаѓа од школата на Пари Сен Жермен и ги мина сите младински категории на француската репрезентација, а станува збор за Саду Нтанзи. Тој веќе го облече дресот на битолчани на денешниот дуелот од 5.коло од Супер лигата против Бутел.
Новиот среден бек на Еурофарм Пелистер има 26 години, доаѓа во Битола од бундеслигашот Мелсунген и ќе биде еден од ретките ракометари од Франција кои играле или ќе играат во Македонија. Тој се обврза на договор на една сезона со битолскиот суперлигаш. Нтанзи четири години беше член на ПСЖ и освои исто толку титули во шампионатот на Франција и потоа мина една сезона во Феникс, една во унгарска Татабања, а минатата сезона настапуваше за Ал Араби од Катар и Мелсунген од Германија.
Нтанзи минатата сезона со Мелсунген ја освоија Лигата на Европа.
октомври 3, 2026
