Вести
Шасивари: Во октомври ќе се одржи консултативно-информативна средба за правосудниот испит
Министерот за правда Јетон Шасивари во првата половина на октомври ќе ги повика на консултативно-информативна средба студентите и деканите на факултетите, на која ќе го презентира законското решение за начинот на полагање правосуден испит. По извршените консултации, институционално ќе се пристапи кон понатамошните чекори.
– Во овој период поднесени се пет барања од пет студентски асоцијации. Три бараат на албански јазик, една бара на англиски јазик и една бара на англиски и турски јазик. Бидејќи на овие пет универзитети се изведуваат правни студии од прв и втор циклус, односно магистерски студии, на јазиците што ги споменав, значи, покрај македонскиот јазик, и на албански, англиски и турски јазик. Во оваа насока, од значење се и меѓународните и европските стандарди. Нивното почитување е многу важно во однос на овој инклузивен, односно сеопфатен пристап – рече Шасивари во изјава за медиумите по сесијата на НКЕУ-МК на тема „Придонесот на структурираниот дијалог кон евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија: Од темелите и пошироко“.
септември 23, 2026
