Connect with us

Вести

Кривична пријава против четири лица и фирма за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево

Основното јавно обвинителство Скопје, по анализа на сите докази прибрани во предистрагата до овој момент денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири физички и едно правно лице за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен, додека за останатите тројца побарано е определување куќен притвор.

Обвинителството издало наредби „за дејствија и проверки со кои обезбеди докази кои даваат основано сомнение дека првиот осомничен, иако формално не бил запишан како управител на правниот субјект во кој непрописно се складирал отпадот, сепак реално настапувал и преземал правни дејствија во односите со трети лица. Како управител на друго правно лице, тој го избирал правниот субјект каде формален управител била неговата ќерка како мнозински коминтент за складирање на отпад, го организирал целокупното работење и ги извршувал одлуките околу работењето, а оттука имал и обврска да се грижи за законитоста на работењето на друштвото и подружницата за рециклирање.