Вести
Средба на Муцунски со шефот на јорданската дипломатија Ал-Сафади во Њујорк: потпишан меморандум за продлабочување на билатералната соработка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, остварил средба со заменик-претседателот на владата и министер за надворешни работи и иселеништво на Хашемитското Кралство Јордан, Ајман ал-Сафади.
Како што соопштија од МНРиНТ, на средбата бил потпишан меморандум за разбирање за одржување политички консултации меѓу двете министерства, со што се создава дополнителна институционална рамка за продлабочување на политичкиот дијалог и редовната комуникација меѓу двете земји.
– Соговорниците изразија заемен интерес за натамошно зајакнување на билатералните односи и идентификување нови области од заеднички интерес. Воедно, стана збор за меѓусебната поддршка и координација во рамките на мултилатералните организации како значаен сегмент од соработката меѓу двете земји. Беа разменети мислења и за актуелните регионални и глобални случувања, при што беа нагласени значењето на дипломатијата, редовната комуникација и соработката во справувањето со заедничките предизвици – се наведува во соопштението.
септември 21, 2026
