Connect with us

Вести

Тошковски на откривање на муралот посветен на Жарко Кузмановски и Сашо Самојлоски, загинати во Диво Насеље 2015 година

Вечерва во Брвеница присуствував на откривањето на муралот посветен на Жарко Кузмановски и Сашо Самојлоски, двајца храбри припадници на македонската полиција кои ги положија своите животи во Диво Насеље во мај 2015 година, напиша вечерва на својот фб профил министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој соопшти дека при настанот било положено свежо цвеќе и оддадена почит на нивното дело, а присуствувал и на свеченото отворање на четвртиот Меморијален турнир во мал фудбал „Жарко Кузмановски“.

„Овој мурал е траен потсетник на нивната храброст, а меморијалниот турнир е доказ дека споменот за нашите херои продолжува да живее преку спортот, пријателството и заедништвото.
Благодарност до Фондацијата „Жарко Кузмановски“, до семејствата и до сите кои со посветеност го чуваат споменот за Жарко и Сашо. Нивната пожртвуваност нè обврзува да ги негуваме вредностите за кои се бореа и да потврдиме дека никогаш нема да ги заборавиме нив и сите наши загинати полициски херои.
Вечна слава на Жарко, Сашо и на сите херои од Диво Насеље!
Македонија памети. Хероите живеат вечно!“, напиша Тошковски.