Connect with us

Тенис

Тренерот на Швјонтек: Завршниот ВТА турнир е главната цел наша цел, но, ако не стигнеме таму, нема да биде крај на светот

Франциско Роиг, тренерот на полската тенисерка Ига Швјонтек зборуваше за нејзиниот напредок на во последните неколку месеци.

– Дојдовме во Барселона и имавме 15 многу интензивни тренинзи. Прво и најважно, сакав да го променам темпото на играта на Ига. Не треба да се обидуваме да завршиме сè што е можно побрзо. Ига е позната по својата одлична работа со нозете и квалитетни удари. Требаше да ја промениме природата на нејзините движења, нејзиното замавнување и нејзиното забрзување. Всушност, речиси сè требаше да се приспособи, вклучително и темпото на нејзината игра, истакна Роиг.

Тренерот, исто така, ги објави своите планови за квалификација за Завршниот ВТА турнир. Полјачката моментално е рангирана на десеттото место на светската ранг-листа.

– Сакаме да се подобриме, но тоа е процес. Мислам дека се движиме во вистинската насока. Сè уште имаме многу работа, но да, завршниот турнир е нашата главна цел. Но, ако не стигнеме таму, тоа нема да биде крај на светот. Ќе имаме малку повеќе време да се подготвиме најдобро што можеме за следната сезона. Сакаме да ги постигнеме најдобрите можни резултати, без да размислуваме за завршниот турнир, додаде Роиг.

Завршниот ВТА турнир во 2026 година (2026 WTA Finals) ќе се одржи во Индијан Велс, САД, во периодот од 8 до 15 ноември 2026 година. Иако првично беше планирано турнирот да се игра во Ријад, Саудиска Арабија, ВТА донесе одлука да го премести овој престижен настан на терените на „Индијан Велс Тенис гарден“.