Connect with us

Забава

Јапонија ќе добие целосно бесплатна такси- услуга до 2027 година

Првата целосно беспилотна такси-услуга во Јапонија ќе биде иницирана до 2027 година, со планови за користење на 100 возила во Токио, објавија денеска јапонските медиуми.

Три компании, вклучувајќи ја и „Waymo“, компанија за развој на автономни автомобили во рамките на „Alphabet“, матичната компанија на американскиот ИТ гигант „Google“, објавија дека имаат за цел да започнат со работа на целосно самостојни такси во Токио до 2027 година.

Компанијата ќе користи технологија за автономно возење базирана на вештачка интелигенција, камери и радар, и ако се реализира, ќе биде прва од ваков вид во Јапонија.