Фудбал
Брегалница Штип го отпушти тренерот Кузманов
Фудбалскиот прволигаш Брегалница Штип ја прекина соработката со тренерот Никола Кузманов. Екипата на последните два натпревара претрпе два пораза од Струга и во петокот од Шкендија Арачиново на домашен терен.
Покрај Кузманов, разрешени се и неговите помошници односно другите членови на стручниот штаб.
Брегалница се наоѓа на осмо место на табелата со две победи (Башкими и Арсим) и четири порази (Вардар, Шкендија Тетово, Струга и Шкендија Арачиново).
Управата на штипјани ќе мора брзо да реагира бидејќи во среда ги очекува натпреварот од Купот против Тетекс на гости, а потоа и првенствениот во Кратово против Силекс.
септември 7, 2026
