Фудбал
Нема враќање на Бензема во францускиот фудбал
Францускиот фудбалер Карим Бензема имаше за цел кариерата да ја заврши во клубот каде ги имаше своите почетоци – Олимпик Лион. Сепак договор не е постигнат, иако Бензема беше подготвен да игра без да добива плата.
Французинот ја заврши соработката со Ал Хилал, откако последните месеци беше во „втор план“. Притоа тој и клубот се договорија спогодбено договорот да биде прекинат и играчот да има статус на слободен фудбалер.
Потенцијалниот договор беше тешко изводлив, но Бензема беше подготвен да му помогне на својот матичен клуб и да игра една сезона без плата на крајот од кариерата.
Според француските медиуми се појави нов проблем – кусиот временски период за реализација на трансферот. Бензема на успеа да ги реши обврски во Саудиска Арабија, па враќањето во Франција пред завршувањето на преодниот рок немаше можност да биде реализирано.
Карим Бензема во Олимпик Лион одигра пет сезони – 112 натпревари и постигна 43 голови и потоа следуваше трансферот во Реал Мадрид.
септември 7, 2026
