Connect with us

Фудбал

Пораз на Реал Мадрид и неискористен пенал на Мбапе против Бетис

Фудбалерите на Реал Мадрид претрпеа пораз со 1:0 синоќа на гостувањето кај Реал Бетис во дуел од 4.коло на Ла Лига. Херој на домашните навивачи е резервистот Трој Парот со голот во 81.минута, откако 12 минути претходно влезе во игра.

Сепак вистинска драма имаше во самата завршница. „Кралскиот клуб“ изедначи во 87.минута, но по прегледување на ВАР снимката голот беше поништен.

Во судиското продолжение на вториот дел беше досуден пенал за Реал, но Килијан Мбапе не успеа да постигна гол и да го изедначи резултатот.

Двете екипи со скор од три победи и еден пораз имаат по девет бодови и се наоѓаат зад лидерот Барселона на табелата.

Денеска се играат три натпревари од Ла Лига: Атлетик Билбао – Атлетико Мадрид, Рајо Ваљекано – Сантандер и Виљареал – Депортиво Ла Коруња.