Фудбал
УЕФА го казни Гендузи со четири, а Гринвуд со еден натпревар
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го казни фудбалерот на Фенербахче, Матео Гендузи, со четири натпревари забрана за настап во европските купови, од кои два условно, како и глоба од 50.000 евра за неспортско однесување по натпреварот од квалификациите во Лигата на шампиони против Лион, додека неговиот клупски колега Мејсон Гринвуд, доби суспензија од еден натпревар и парична казна од 30.000 евра.
Во образложението на казната, УЕФА објави вечерва дека Гендузи и Гринвуд, по победата на нивниот тим од 2-1, со провокативни гестови кон домашните навивачи на Лион „ги навредувале другите присутни на натпреварот, ги провоцирале гледачите и ги прекршиле основните правила на пристојност“.
Двајцата суспендирани, Гендузи и Гринвуд, се поранешни играчи на големиот ривал на Лион – Олимпик Марсеј.
УЕФА му изрече казна и на голманот на Лион, Антонио Фереира, суспендирајќи го пет натпревари, од кои два условно, а казнети се и двата клуба поради навивачки немири.
септември 6, 2026
