Туризам
Хрватскиот остров Црес избран за најдобар скриен островски бисер во Европа
Хрватскиот остров Црес е избран за најдобар помалку познат европски остров во анкета меѓу читателите на британскиот весник „Гардијан“.
Црес е меѓу европските острови што ги препорачуваат читателите на гласилото, поради неговата природа, спокојство и помалиот број туристи во споредба со најпопуларните дестинации. Островот е претставен како најмалку населен од четирите големи острови во Кварнерскиот Залив. Зачуваната природа е меѓу главните својства и одлики на Црес, забележува лондонското гласило.
Читател кој го препорачал островот раскажува и за белоглавите мршојадци што летале покрај автобусот додека се приближувал кон највисокиот дел од островот.
Особено внимание се посветува на дивиот свет на Црес – маслинови градини, лаванда, грмушести предели, покрај малите крајбрежни населби.
септември 2, 2026
