Connect with us

Фудбал

ПМФЛ: Максимални пет од пет за Шкендија

Фудбалерите на Шкендија ја продолжија попладнево во Кратово победничката серија, совладувајќи го домаќинот Силекс со 2-0 во воведниот натпревар од 5. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Лидерот на табелата до својата петта прволигашка победа оваа сезона дојде со головите на Мелиќи во 53. минута и Ндзенгуе во 88 минута.

Во првото полувреме, капитенот на Шкендија, Ибраими, постигна гол во 35 минута што беше поништен по интервенција од ВАР собата.

Денешната програма ќе биде заокружена со дуелот меѓу Струга и Брегалница.

Арсими утре е домаќин на Скопје, Башкими в недела ја пречекува Шкендија Арачиново, а Вардар, в понеделник, му гостува на Тиквеш.