Фудбал
Челзи го позајми Сар на Сосиедад
Сенегалецот Мамаду Сар ќе настапува до крајот на сезоната во Реал Сосиедад како позајмен фудбалер, објави денеска неговиот клуб Челзи.
„Му посакуваме на Мамаду се најдобро во Баскија и со нетрпение очекуваме да го следиме неговиот напредок оваа сезона“, се вели во соопштението на Челзи.
Дваесетгодишниот дефанзивец одигра седум натпревари за Челзи откако пристигна од Стразбур минатото лето.
Сар претходно оваа година беше во почетниот состав на Сенегал во победата над Мароко со 1-0 во финалето на Африканскиот куп на нации, а настапи и на неодамнешното Светско првенство.
август 28, 2026
