Connect with us

Фудбал

Палиња во Бенфика за 14 милиони евра

Искусниот португалски фудбалер Жоао Палиња се пресели во Бенфика од редовите на минхенски Баерн.
Триесетиедногодишниот Португалец за кого во летниот преоден рок беа заинтересирани Њукасл и Астон Вила, потпиша четиригодишен договор со Бенфика.
Португалскиот гигант, како што јавија локалните медиуми, му платил на Баерн 14 милиони евра, со можни бонуси до пет милиони евра.
„Очекувањата се многу високи, како што сите знаеме, кога е во прашање Бенфика. Јас сум уште еден од оние кои се тука за да помогнат, да дадат сè од себе за клубот. Не се сомневам дека целата структура, како и сите навивачи, исто така копнеат по освојување титули“, изјави Палиња за клупскиот сајт на Бенфика.
Палиња дојде во Баерн во 2024 година од Фулам, а минатата сезона беше позајмен на лондонски Тотенхем.