Фудбал
Анри ја доби „Претседателската“ награда на УЕФА, а Маркињос признанието „Респект“
Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Тиери Анри ја доби Претседателската награда за 2026 година, која ја доделува Европската фудбалска федерација (УЕФА).
Нагрдата на Анри му беше врачена пред вечерашната жрепка за Лигата на шампионите во Монако, од рацете на на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
Легендарниот француски напаѓач, кој е најдобар стрелец во историјата на Арсенал, во својата кариера триумфираше во Лигата на шампиони со Барселона, а ја освои светската и европската титула со Франција.
„Неговата брзина, грациозност, вештина и ладнокрвна завршница го направија Анри напаѓач на сите времиња и човек кој сè уште ја пишува својата приказна во спортот како светски познат експерт“, рече Чеферин.
УЕФА традиционално ја доделува „Претседателската награда“ од 1998 година, а првиот добитник беше Французинот Жак Делор.
Оваа година, УЕФА ја додели и наградата „Респект: Надвор од играта“ на капитенот на ПСЖ. Ова признание е нова годишна награда за дела што отелотворуваат емпатија, достоинство, солидарност и почит во европскиот фудбал, објасни УЕФА.
август 28, 2026
