Свет
Шефот на руската Служба за надворешно разузнавање потврди дека се сретнал со директорот на ЦИА во Москва
Директорот на руската Служба за надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин, денеска потврди дека во Москва се сретнал со директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ретклиф, пренесува ТАСС.
Наришкин изјави пред новинарите дека разговорите се одвивале во работен формат и дека биле разгледани прашања што се исклучиво во надлежност на разузнавачките служби, нагласувајќи дека во средбата нема ништо необично.
Посетата на шефот на ЦИА, Ретклиф, кој пристигна во руската престолнина во вторникот, претходно ниту беше однапред најавена, ниту веднаш потврдена од официјалните власти.
август 27, 2026
