Connect with us

Свет

Русија ја прогласи в.д. романската амбасадорка за „персона нон грата“

Русија денеска ја прогласи вршителката на должноста амбасадор на Романија во Москва, Лилјана Бурда, за „персона нон грата“.

На Бурда денеска во руското Министерство за надворешни работи и беше врачена нота, со која се прогласува за непожелна личност,

Како што се наведува во соопштението од руското МНР, прогласувањето на Бурда за непожелна личност е одговор „на претходната неоснована одлука на романската страна да прогласи вработен Амбасадата на Русија во Букурешт за персона нон грата“.