Connect with us

Формула 1

Хамилтон: Преслушав некои од моите радио разговори во Холандија, не е најдобрата верзија од мене

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон се извини за своите радио коментари за време на холандското Гран при изминатиот викенд во Зандворт.

Британецот на социјалните мрежи, го сподели своето мислење за  неговото четврто место.

– Беше тежок викенд, но освоивме вредни поени за тимот – тоа покажува дека се движиме во вистинската насока. Неверојатно сум горд на сите во фабриката кои продолжуваат да работат на ажурирањата, бараат начини да го подобрат нашето темпо и ни помагаат да напредуваме. Благодарност до целиот тим со кој работиме на патеката. Напорите никогаш не остануваат незабележани. Сè уште имаме работа да направиме нешто – особено со темпото на кругови – но ќе продолжиме да копаме подлабоко, да учиме и да се подобруваме заедно.
Слушнав некои од моите радио разговори и коментари на телевизија. Во жештината на моментот, разочарувањето зборуваше наместо мене – тоа е она што се случува кога си толку страствен за нешто како мене. Но, тоа не беше моето најдобро јас. Ја преземам одговорноста за тоа и ќе се стремам да бидам подобар. Оваа страст доаѓа од вербата во тимот и неговите луѓе, и во она што го правиме. Насоката е јасна. Постои верба во проектот. Продолжуваме да се бориме, напиша Хамилтон.

Седумкратниот светски Формула 1 шампион беше лут поради според него спорите реакции на луѓето во боксот, за време на присуството на безбедносното возило на патеката, како и доцната реакција за пропуштање кон неговиот клупски колега Шарл Леклер.