Фудбал
Марсеј може да продаде 4-5 играчи пред да се затвори преодниот рок
По синоќешната победа со 4:0 над Стразбур во првото коло од француското фудбалско првенство, тренерот на Марсеј, Бруно Женесио, објави дека клубот треба да се раздели со неколку играчи пред крајот на летниот преоден рок.
– Треба да ја намалиме сметката за плати. Додека не го сториме тоа, нема да можеме да правиме трансфери. Може да бидат три, четири или пет играчи, изјави Џенесио за „Л’Екип“.
На почетокот на август се појавија извештаи дека Марсеј треба да заработи најмалку 180 милиони евра од продажба на играчи до 30 јуни 2027 година. Во спротивно, клубот ризикува да биде исфрлен од првата француска лига.
август 24, 2026
