Connect with us

Свет

Лавров: Зеленски не заслужува пауза на бојното поле

Украинскиот претседател Володимир Зеленски не заслужува пауза на бојното поле и е подготвен да ја искористи секоја иницијатива за да добие време за продолжување на борбените операции, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Неговото лажно изненадување во врска со изјавата на претседателот Доналд Трамп одразува само едно – дека тој сака да го користи секој збор, секоја иницијатива и секоја идеја што се појавува во јавноста за да го оствари својот интерес за одмор од борбените операции на секој можен начин. Не мислам дека го заслужуваше тоа – рече Лавров на прес-конференција по средбата со шефот на либанската дипломатија, пренесува РИА Новости.

Одговарајќи на прашање за договорот за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура на Русија и Украина, што го објави американскиот претседател Доналд Трамп, Лавров оцени дека Зеленски се обидува да ја искористи секоја иницијатива и изјава што се појавува во јавноста за да обезбеди пауза во борбените операции.

Тој изјави дека Зеленски зборува за неговата подготвеност да одржи избори доколку му се дадат два месеци за подготовки, но процени дека во тој период Европа би можела да ја снабди Украина со ново оружје за продолжување на конфликтот.

Трамп вчера објави енергетско примирје меѓу Русија и Украина и рече дека тоа ќе стапи во сила веднаш, без да даде дополнителни детали.

„Двете страни се согласија за ова. Не го кршете!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Варшавскиот безбедносен форум изјави дека Украина ќе ги исполни условите за прекин на огнот во енергетскиот сектор, доколку Русија се согласи.

Ad
Ad