Connect with us

Фудбал

Астон вила сака да го потпише Горецка

Премиерлигашот Астон вила е во преговори за потпишување на поранешниот играч од средниот ред на Баерн Минхен, Леон Горецка, објави новинарот Матео Морето на социјалната мрежа Икс.

Триесет и едногодишниот Германец е слободен агент откако го напушти Баерн. Преговорите веќе се во тек.

„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 12 милиони евра.

Минатата сезона, Горецка одигра 48 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи пет гола и исто толку асистенции.