Connect with us

Општини

Велешките пожарникари со неколку успешни интервенции

Припадниците на Територијалната противпожарна единица Велес вчера претпладне  интервенирале на автопатот Велес-Скопје кај Пуста Кула, а на оваа иста локација интервеницале и вечерта на догорување на дрво од претходниот пожар. Воедно велешките пожарникари вчера попладне интервенирале и во кругот на „Фабриката за сточна храна“ во Градско, а на враќање оттаму и на пожар на патот за село Црквино. Сите пожари со брза интервенција на велешките пожарникари  биле изгаснати и не било дозволено нивно проширување.

Првата интервенција била откако во ТППЕ Велес вчера во 10:15 часот била примена дојава за пожар на автопат Велес – Скопје кај Пуста Кула кај пунктот на Македонија Пат.

Територијална Против Пожарна Единица Велес излегла на лице место со едно противпожарно возило и тројца  пожарникари. По пристигнување на лице место пожарот имало зафатено некаде околу два хектара трава грмушки. Благодарение на брзата интервенција и пожртвуваноста на пожсрниксрите, пожарот бил изгаснат и не било дозволено негово проширување.

Синоќа во 19:50 часот во ТППЕ Велес била примена дојава за пожар на автопат Велес – Скопје кај Пуста Кула кај пунктот на Македонија Пат.бТериторијална Против Пожарна Единица Велес излегла на лице место со едно  противпожарно возило и двајца пожарникари. По пристигнување на лице место е видено дека догорува дрво во горениот дел на претпладневниот  пожар и истиот бил изгаснато.

На ден 10.08.2026 вчера попладне во 16:12 во ТППЕ  Велес била примена дојава за пожар во кругот на фабриката за сточна храна на „Жито Вардар“ во Градско

Територијална Против Пожарна Единица Велес излегла на лице место со едно противпожарно возило и тројца пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пожарот беше во кругот на фабриката. Благодарение на брзата интервенција и пожртвуваноста на екипата, пожарот бил изгаснат и не било дозволено негово проширување. На враќање од интервенција забележан бил  пожар кај патот за село  Црквино и истиот бил изгаснат.

Воедно од ТППЕ  Велес апелираат до граѓаните доколку се забележи пожар да се јават  на бесплатниот телефонски број 193 или 112.