Connect with us

Општини

ЦУК: Еден активен пожар од вкупно осум на отворено низ државата во текот на денов

Осум пожари на отворен простор низ државата се евидентирани денеска до 13 часот. Од овие осум – еден е активен, друг е под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи.

Активниот пожар е на територија на општина Македонски Брод во место викано „Видуш“, близу село Драгов Дол. Горат ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

Под контрола е ставен пожарот на градската депонија во општина Делчево.

Изгаснатите пожари биле на територија на општините Виница, Врвеница, Куманово, Лозово, Центар Жупа, Штип