Сцена
Актерката Дона Милс на 85-години се приклучи на платформата „Онли фанс“
Актерката Дона Милс привлече големо внимание откако на 85-годишна возраст отвори профил на платформата „Онли фанс“ Одлуката ја донела за да биде поблиску до обожавателите.
– Воопшто не ми пречи што сум најстара креаторка на оваа социјална мрежа. Според мене дигиталните медиуми нудат можност за поинаков начин на комуникација со публиката која ми пружи многу во текот на мојата актерска кариера. Сакам само да ѝ се оддолжам, наведе Милс.
Актерката на платформата ќе споделува моменти од секојдневниот живот, содржини зад сцената и детали кои досега публиката немала можност да ги види.
Милс стекна светска слава со улогата на Аби Канингем, во серијата „Слетувањето во Кнотс“. Таа стана препознатлива по својот впечатлив гламурозен изглед, кој и денес е дел од нејзиниот стил
август 1, 2026
