Connect with us

Забава

Стари, но функционални конзоли „Нинтендо фамикомбокс“ најдени во „љубовен хотел“ во Јапонија

Ретки, стари, но целосно функционални ретроконзоли „Нинтендо фамикомбокс“ (Nintendo Famicombox) се пронајдени во познат „хотел за љубовни средби“ во Јапонија.

Пред точно 40 години, во 1986, во Јапонија „Нинтендо“ воведе комерцијален 8-битен „Фамиком“-систем, наречен „Нинтендо фамикомбокс“. Тој беше дизајниран да собере до 16 дискови за игри, овозможувајќи лесно префрлување на наслови и беше наменет за употреба во хотели. До игрите обично можеше да се пристапи со вметнување монети или преку систем за плаќање по игра којшто го следеше времето минато во играње. Се работи за доста ретка конзола.

Познат архивар на овие уреди, кој се претставува со името Орочи, неодамна пронајде неколку од овие целосно функционални уреди во јапонски хотел.

Орочи на својот интернет-простор напиша оти „тајно отишол да го истражи ‘љубовниот хотел’,“ и пронашол „конзола во секоја соба, освен во една“. Тој успеал да испроба барем еден од уредите и, вели, „скоро сите инсталирани игри може да се играат“ без никакви проблеми. Не работеле само игрите за со „Нинтендо“-пиштолот.

Како што може да се види на фотографиите на Орочи, „Фамикомбокс“ користи НЕС-контролери наместо јапонските „Фамиком“ коишто тогаш беа достапни само на тој пазар. Дополнително, комерцијалната конзола користи флопи дискови. Орочи не го откри името на хотелот каде што ги пронашол уредите, посочувајќи дека сакал „да ги заштити“ конзолите