Connect with us

Свет

Фон дер Лајен: Руската ракета во Полска е недозволиво нарушување на воздушниот простор на ЕУ

Ракетата за која постои сомневање дека е руска, а која падна во Полска, претставува уште едно „недозволиво нарушување“ на воздушниот простор на Европската Унија – изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„За да ставиме крај на ова, ѝ помагаме на Украина да ја добие оваа војна на секој можен начин“, напиша Фон дер Лајен на социјалната платформа Икс.

Таа додаде дека Европската унија истовремено гради „стабилна европска безбедносна архитектура на копно, вода и воздух“.

Изјавата на претседателката на Европската комисија следува откако полските власти соопштија дека објектот што паднал во источниот дел на земјата најверојатно е руска крстосувачка ракета Х-101, но дека сè уште се вршат проверки за точниот тип на ракетата и нејзиното потекло.