Технологија
„Мерцедес-Бенц“ го претстави подобреното камперско комбе „Марко Поло“
Автомобилската компанија „Мерцедес-Бенц“ официјално го претстави своето подобрено луксузно камперско комбе „Марко Поло“.
Опишано од германскиот автопроизводител како „паметен придружник за луксузни патувања и во секојдневниот живот“, комбето има нов алуминиумски подвижен двоен покрив. Сега тој обезбедува приближно 370 мм простор за глава во задниот дел, што е за 100 мм повеќе од неговиот претходник. Меѓу другите новости се и подобрен систем за напредна контрола на „Мерцедес-Бенц“, оптимизирани лизгачки фиоки, подобрени склопливи масички, фрижидер од 40 литри и нова контролна табла во стил на клупа. Подобрувањата, освен новиот лизгачки покрив и панорамскиот отвор за „непречен поглед на ѕвезденото ноќно небо“, нудат и опционално внатрешно-амбиентално ЛЕД-осветлување. „Мерцедес“ остана прилично таинствен за другите ситници внатре.
Купувачите можат да добијат и предизајнирана тенда. Сопствениците сега можат да ја отстранат истата кога не кампуваат, што значи дека комбето подобро ќе се вклопува во секојдневниот сообраќај и може да оди во автоперална.
„Мерцедес“ додаде и нови магнетни завеси коишто може да се додадат и отстранат, како и нов звучен систем со осум звучници и „субвуфер“, специјално подесени за „Марко Поло“.
„Марко Поло“ се нуди со три различни четирицилиндрични дизел мотори. Основниот модел развива 163 коњски сили и 380 њутн-метри вртежен момент, додека средната верзија „250 д“ достигнува 190 КС и 440 Нм. Тука е и најмоќниот модел „300 д“ со 237 КС и 500 Нм вртежен момент. Комбето се нуди со погон на задните тркала, и погон на сите четири тркала, а сите мотори се поврзани со деветстепен автоматски менувач. Во најбрзата верзија, моделот забрзува од 0 до 100 км/ч за само 8,8 секунди.
Обновениот „Марко Поло“ ќе биде достапен за нарачка во Европа од 5 август. Нема информации за цените, но постојниот модел во Германија чини од 80.664 евра.
јули 28, 2026
