Connect with us

Хроника

Работник на гостиварски Комуналец починал откако се заглавил во канал за вода

Вработен во гостиварското комунално претпријатие починал откако заглавил во еден од каналите за прибирање вода на Шар Планина во атарот на селото Горно Јеловце. Според полицијата трагичниот настан бил пријавен вчера околу 13 часот.

Од СВР Тетово информираат дека во канал за вода има починато лице во атар на с. Горно Јеловце, на терен излегле полициски службеници и констатирале дека се работи за Н.М.(64) од с. Дебреше, вработен во ЈП „Комуналец“ Гостивар. 

– Според пријавеното, тој со колеги дошол на местото да го исчистат каналот на местото каде што имало канали за прибирање на проточни води, при што се заглавил во еден од каналите. Откако бил извлечен од екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, вели Фатмир Реџепи портпаролот на СВР Тетово.

На местото на настанот излегол и трудов инспектор, а увид на местото извршиле екипа од ОВР Гостивар и Јавен обвинител и по негова наредба телото на починатиот е дадено на обдукција

Ad
Ad