Хроника
По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
По повеќедневната потрага по дедо Јане од селото Јастребник на планината Осогово, кој беше пријавен за исчезнат и боледуваше од деменција, денеска е потврдена веста дека тој е пронајден починат во планински предел.
Во изминатите денови во потрагата беа вклучени припадници на полицијата, членови на Доброволната планинска спасителна служба, ловџии, мотоциклисти и бројни граѓани кои се здружија во обидот да го пронајдат исчезнатиот жител на Јастребник.
И покрај големите напори и надежта за среќен исход, потрагата заврши со тажен епилог, велат од хуманитарното здружение „Кочани – нашите ангели“, кое ја организираше потрагата по исчезнатиот човек.
јуни 14, 2026


