Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите во земјоделството ја демантираат политиката на СДС
СДС не излегува од криминалната матрица. Нивниот поранешен министер Николовски ќе биде запаметен по нерешените предмети, институционалниот хаос, наталожените проблеми, неисплатените плати и субвенции, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално.
Во нивно време единствено цветаше криминалот.
Вчера СДС докажа дека ги боли работата и напредокот на земјоделството во Македонија.
Во неполни 2 години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ исплати близу 14 милијарди денари за заостанати и тековни обврски кон земјоделците, ги зголеми субвенциите во сточарството, ги откочи заборавените проекти за кои државата во минатото плаќаше енормно високи камати, ги зголеми наводнуваните површини, се исчистија и реконструираа каналите кои беа заборавени 7 години, се обезбедија средства за инвестициски вложувања во шумарството и водостопанството, се обезбеди и бенефициран стаж за шумската полиција, се донесоа низа законски и подзаконски акти.
Економските показатели говорат јасно за успешните политики во земјоделскиот сектор.
СДС додека тоне во безидејност, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за модерно и конкурентно земјоделство.
Земјоделците во оваа власт гледаат сигурен партнер кој работи за нив.
јуни 12, 2026


