Connect with us

Економија

Ристов до „ЕВН Македонија“: Очекувам да продолжите со инвестициите што ќе значат подигнување на квалитетот на услугата на граѓаните

Поминати се времињата кога енергетиката значеше само производител, пренос и потрошувач. Сега имаме динамичен систем во кој сите треба да вложиме максимален напор за да го одржиме и да обезбедиме стабилна испорака на електрична енергија за граѓаните – порача претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Ацо Ристов, на денешниот состанок со менаџментот на „ЕВН Македонија“ заедно со членовите на Комисијата.

– Ние сме дел од сектор во кој e неопходен стратешки пристап и клучно е да се дејствува една година однапред затоа што процесите се динамични. Очекувам да продолжите со инвестициите што ќе значат подигнување на квалитетот на услугата на граѓаните. Во претстојниот период ќе имаме многу предизвици за да се подготвиме за поврзување на домашниот со европскиот пазар – посочи Ристов.

Нагласи дека фер пристап кон потрошувачите и поддршка на инвестициите е принципот врз основа на кој регулаторот ќе продолжи да дејствува преку соработката со „ЕВН Македонија“.

– Во овие 20 години во кои „ЕВН Македонија“ е активна на нашиот пазар се случија доста промени како во техничка смисла така и во делот со унапредување на услугите. Сега сме веќе дојдени во фазата во која дигитализацијата и вештачката интелигенција ќе нè водат понатаму – истакна Ристов. 

Ad
Ad