Connect with us

Економија

Инвестицијата на „Heidelberger Druckmaschinen“ во ТИРЗ во напредна фаза

нвестицијата на „Heidelberger Druckmaschinen“ во ТИРЗ влегува во напредна фаза, со интензивирање на активностите за нејзина реализација и најави за натамошно проширување на соработката, соопштуваат од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ).

– Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски, оствари средба со претставници на германската компанија „Heidelberger Druckmaschinen“, при што беа разгледани активностите поврзани со инвестицискиот проект кој се наоѓа во напредна фаза на реализација. На состанокот се дискутираше за можностите за дополнително унапредување на соработката, динамиката на имплементација на инвестицијата, како и за идните планови на компанијата за развој на нејзиното присуство во земјава – стои во соопштението од ТИРЗ.

Оттаму дополнуваат дека Димовски истакнал дека инвестицијата има значаен потенцијал за зајакнување на домашната економија и претставува уште еден доказ за довербата што германските компании ја имаат во македонската бизнис-клима и развојните можности на земјата. 

– Тој потенцираше дека ТИРЗ останува посветена на создавање стабилно и предвидливо деловно опкружување и обезбедување целосна поддршка за инвеститорите во сите фази од нивните проекти – се дополнува во соопштението.

Од страна на „Heidelberger Druckmaschinen“ биила нагласена целосната посветеност за исполнување на потребните услови за навремена реализација на инвестицијата.

-Претставникот на компанијата, Лукас Мухрингер, истакна дека приоритет е исполнување на барањата на клиентите и континуиран раст на пазарот, при што инвестицијата во ТИРЗ претставува клучен чекор во остварувањето на тие цели – наведуваат од ТИРЗ

Ad
Ad