Ракомет
Јубилејното 5.то издание во Охрид со квалитетни екипи од Европа и Африка
По успехот на ракометарите на Охрид во измината сезона и освоениот пехар во ЕХФ Европскиот куп новата сезона во Охрид ќе биде отворена со квалитетни екипи, кои ќе бидат учесници на 5.то јубилејно издание на ракометниот турнир „Крсте Андоновски“ – Охрид 2026. Турнирот ќе се одржува од 18 до 22.август, а ќе учествуваат осум екипи поделени во две групи.
Групата А ја сочинуваат: ГРК Охрид, Загреб, Замалек и Војводина, а во групата Б се: Вардар 1961, Нексе, Олимпијакос и Тримо Требње.
Трофејот од ланското издание го брани екипата на домаќин и организатор ГРК Охрид.
јуни 10, 2026


