Скопје
По две децении, Серава во Бутел добива ново уредено корито и пешачка патека
Ве известуваме дека Општина Бутел во соработка со Град Скопје започна активности за изградба на пешачка патека и чистење на коритото на река Серава во Бутел 1. По повеќе од 20 години, се реализира едно од најголемите барања на граѓаните на Општина Бутел.
Проектот напредува со одлична динамика и предвидува изградба на нова патека во должина од 1.590 метри, со ново осветлување, нови клупи и хортикултурно уредување на просторот.
Истовремено, ќе се изградат и нови детски игралишта.
Локалната самоуправа заедно со Град Скопје вложува во проекти кои создаваат можности за спорт и рекреација на сите граѓани.
јуни 5, 2026

