Свет
Трамп во пресрет на изборите: Војната со Иран наскоро ќе заврши, ни требаат гаранции за нуклеарното оружје
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти војната со Иран наскоро ќе заврши, но не прецизираше на кој начин би дошло до тоа.
Изјавата на Трамп доаѓа во пресрет на изборите за американскиот Конгрес, кои се закажани за 3 ноември.
– Наскоро сè ќе заврши, изјави Трамп во интервју за радиостаницата КЦМО во Канзас Сити.
– Ни треба гаранција дека никогаш нема да има нуклеарно оружје, додаде американскиот претседател.
Трамп претходно изјави дека САД нема да извршуваат напади врз Иран пред одржувањето на изборите.
октомври 31, 2026


