Фудбал
Тотенхем го доби Мармуш на позајмица од Манчестер сити
Фудбалерот на Манчестер сити, Омар Мармуш, ќе ја продолжи својата кариера во Тотенхем, објави инсајдерот Фабрицио Романо.
Според Романо, лондонскиот клуб го добија 27-годишниот Египќанец на позајмица со опција за откуп од 50 милиони фунти, што ќе стане задолжително под одредени услови.
Мармуш се приклучи на Манчестер сити од Ајнтрахт Франкфурт во јануари 2025 година. Тој има одиграно 62 натпревари за „Граѓаните“, постигнато 16 гола и шест асистенции.
Во првото коло од Премиер лигата, Манчестер сити попладнево обезбеди победа со пресврт над Борнмут (2:1), додека Тотенхем претрпе убедлив пораз од Брентфорд (0:3).
август 24, 2026
