Фудбал
Астон Вила прими четири гола за половина час против Брајтон, Манчестер сити со пресврт до победа над Борнмут
Астон Вила попладнево претрпе убедлив пораз од 4:0 на гостувањето кај Брајтон во првото коло од Премиер лигата.
Домаќините го отворија резултатот во 8. минута благодарение на автоголот на Виктор Линделоф. Десет минути подоцна, Максим Де Кајпер го дуплираше водството на Брајтон. Во 30. минута, Џек Хиншелвуд зголеми на 3:0, една минута подоцна истиот фудбалер ги постави конечните 4:0.
На вториот од денешните три премиерлигашки средби, Манчестер сити постигна два гола во финишот за победа над Борнмут.
Најпрво Маркус Таверние, го отвори резултатот во 26. минута. Домаќините успеаја да израмнат во второто полувреме, со голот на Марк Гуехи во 85. минута. Јошко Гвардиол го постигна победничкиот гол во 90+1 минута. Рајан Черки имаше две асистенции.
Граѓаните го одиграа својот прв натпревар во Премиер лигата под водство на поранешниот менаџер на Челзи, Енцо Мареска, кој го замени Хосеп Гвардиола.
Во следниот натпревар, Манчестер сити ќе игра против Кристал Палас на гости на 28 август. Борнмут ќе биде домаќин на Евертон на 29 август.
август 24, 2026
