Connect with us

Општини

Осум активни пожари низ државата

Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, а четири се изгаснати.

Активни се пожарите во Оштините Прилеп, Новаци и Могила: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица – с. Лопатица, крак кон Црна Река, крак кон с. Орле во Општина Новаци и крак кон с. Мојно во Општина Могила (ниска вегетација), Општина Крушево: с. Белушино и с. Јакреново (ниска вегетација и деградирана дабова шума), во Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума), Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки).

Натаму, како што информира ЦУК. активни пожари има и во Општина Кичево: с. Тајмиште, м.в. Дарда (високостеблеста букова шума), Општина Велес: с. Караслари (ниска вегетација и грмушки), Општина Липково: с. Никуштак (ниска вегетација и шума) и во Општина Куманово: с. Кучкарево и с. Градиште (ниска вегетација).

Изгаснати се пожарите во Општина Радовиш: с. Калугерци (ниска вегетација и контејнер), Општина Гостивар: кај стадионот во населба Фазанерија (ниска вегетација и ѓубре), Општина Неготино: м.в. Ило Виларов (ниска вегетација) и во Општина Струга: Ново Село (ниска вегетација).