Connect with us

Формула 1

Жалбите на Мекларен и Ред Бул за пласманот на Гасли на подиумот во Монако ќе се разгледува на 25 август

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) објави датум за ново сослушување во врска со контроверзниот пласман на Гасли на подиумот на трката од Формула 1 шампионатот во Монако.

Сослушување ќе се одржи на 25 август за да се разгледаат жалбите на Мекларен и Ред Бул за поништување на резултатот на францускиот воза.

Трката се одржа на 7 јуни. Неколку возачи добија казни за пребрзо возење во боксот поради грешка во мерењето. Алпин протестираше против казните на Пјер Гасли, па казните беа поништени. На крајот, Французинот се искачи на подиумот, истиснувајќи го својот сонародник Изак Ајар од Ред Бул. Другите возачи со казни не можеа да поднесат жалба бидејќи, за разлика од Гасли, ги одработија своите казни за време на трката.

Сослушувањето ќе се одржи во Париз